Почетна

Птица на гумен погон

Print PDF

Овој модел на гумен погон едноставно го нарековме Птица.Има распон на крила од 24 инча,турпот му е долг околу 20 инча,користи елиса изработена од балза од 8 инча.

За разлика од другите модели со слична концепција,оваа Птица е далеку поголема и бара поширок простор за летање.За неа не е доволен терен на некое фудбалско игралиште,бидејќи со само 100 намотки,ќе го прелета.

Овој модел а предвидено да има гума која ќе се намота од 600 до 1000 пати.

Тогаш летот трае неколку минути,а ако има термика, потребен е и детермализер на хоризонталецот.

Во спротивно,ќе одлета беза да можете да го најдете.

 

Преработен "Комар"

Print PDF

Драги мои,пред вас е моделот на гумен погон "Комар".Овој модел како комплет го продаваше тогаш чехословачката фирма "Игара".Оваа фирма пропадна,со неа и првиот модел на "Комар".Сега Чесите правта нов "Комар" кој не личи многу на првиот,оригиналниот.

Но,ние во нашата работилница го преработивме оригиналниот "Комар".Ми ставивме пластични носачи на крилата,со што е избегнато сечењето на трупот каде шпто влегува крилото кое е  цело (лево и десно крило.Кај нас  крилото е поделено и се вметнува во носачите.Го одбегнавме и поставувањето на алуминиумскиот држач на "V"- то на крилото што го имаше оригиналниот "Комар".

     

Кај нас не се поставува во отвор на трупот ниту хоризонталецот.Ние го поставуваме со помош на ластиче.

Уште една птица од нашето јато

Print PDF


Уште една убава птица од нашето јато.

Моделот е направен од депрон.Елисата е од балза (8 инча),колцата се од ореово дрво.

Користи гума 1x3 мм и тоа три нитки.

Лета одлично.Со намотување од околу 80 пати,лета половина минутка.А со  300 намотки,дури  две и пол минутки.

Се разбира за ваков број намотки треба да се корсити машинка за мотање и подолга гума.

Крилата се профилирани.Користен е стиродур.

 

"Голема птица" која лета две минутки

Print PDF

Продолжуваме со претставувањето на наши нови модели.

Овој пат ви го презентираме моделот "голема птица" кој лета на гумен погон.Долг е 400 мм,крилата имаат распон-420 мм.Тежи нешто повеќе од 20 грама.

Изработен е од:трупот од летвичка балза,има пластични носачи на крилата.пластичен нос.Елисата е од балза од  8 инча,а тркалата од ореово дрво кое е цврсто и лесно.

Моделот го движат две нитки "пирели" гума  од 1x3 ММ.

Крилата се профилирани и се изработени од депорон со дебелина од 5 мм.Хоризонталецот и вертикалецот се изработени од депрон од  2 мм.


На отворен простор со само стотина намотки,лета речиси една минута.Доколку се намотува со машинка и со употреба на подолга гума,може да достигне летови од 2 минутки.

Ознаките се од воздухопловството на Германија од Првата светска војна.Ги одбравме  токму нив поради визуелниот ефект што го оставаат- и поради ништо друго.

Полета гумењарот "птица"

Print PDF

Пред вас е  гумењарот "птица" кој масовно го  летаат моделарите во Соединетите Американски Држави.Тоа е  модел со распон на крила од околу 50 сантиметри,должина на труп-околу 42 сантиметри.Тежи околу 4о грама,

Овој модел користи моделарска гума пирели.Потребни се околу 2 нитки од 1x 3 мм и две од по 1x 1,5 мм.

Прима околу  стотина намотки со должина на гума еднаква на должината на трупот.

Со ваква гума лета околу една минутка,а со подолга гума,за која е потребно да се има мала машинка за намотување,лета и до две и по минутки.

Направен е од депрон,изофлор и стиродур.

Елисата е од 9 инчи и е рачно изработена од балза.

Моментално on-line

We have 1 guest online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес24
mod_vvisit_counterСевкупно170026

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com