Почетна

Голем "Хорнет"

Print PDF

Овој модел го нарековме голем "Хорнет" зато што еден веќе имаме,но со помали димензии.Овој е направен од балза,а само покривката на крилата,стабилизаторот и на вертикалецот е од милар,посебно лесен материјал кој се лепи САМО со посебен спреј.

Трупот е од балза со димензии 420X10 мм.Има посебни носачи од пластика кои на крилата им даваат "V" облик.Користи гума 1x3 мм.-две траки.Елисата е е од 8 инча и е изработена од балза.

Достигнува височина од  петнаесеттина метри и има должина на лет подолг од една минутка.

Цирус-1Б

Print PDF



Ова е модел на гумењар кој го нарековме Цирус-1Б.

Трупот му е од балза 10x5 mm,крилата од депрон со дебелина од 3мм.Го движи гума 1x6мм.Користевме рачно изработена елиса од балза  од 8 инчи.

Тежи околу 20 грама,а може да достигне височина од 15 метри.Лета по мирно време околу една минутка.

В-5 Модел

Print PDF

Ова е модел на гумењак кој го насловивеме како В-5.Направен е од балза и од депрон.

Користи гума 1x5 mm.Има специјална елиса од 6 инча.Има стоен трап и колца,изработени од специјална пластика.Тежи 22 грама.

Предиден е за летови на отворен простор.Лета одлично и со 120 намотки,достигнува височина од 20 метри.Летот му трае околу една минута.Должината на трупот е 29 сантиметѕри,а крилата се долги 35 сантиметри.

 

Марабу од депрон

Print PDF

Пред вас е моделот на гумењар "Марабу" еден од најдобрите модели во оваа категорија.Нашиов е направен од депрон,а за прв пат го лансира на пазарот некогаш пизнатата чехословачка фирма "Игара".Оригиналот беше направен целосно од балза.

Од депрон направен е трупот,хоризонталецот и вертиклецот.Крилото е профилирино и е направено со стиротерм апарат.Користевме стиродур.Иако  не знаевме како ќе се однесува крилото во лет,набргу се уверивме дека има одлични перформанси,речиси како да е направено од балза и јапан хартија.

Целиот модел тежи помалку од 60 грама,иако оригиналниот тежеше 65 грама.Значи ние направвиме модел полесен за 5 грама.

За движење на елисата користевме три нишки гума 1x3 mm.

Елисата е од балза трупче,дебело 15мм.Долга е 8 инчи и одлично влече.

На пробните летови,овој "Марабу" со 80 намотки гума леташе околу една минута.Со 500 намотки и подолга гума, достигна лет од три минути и тоа во лоши временски услови са јак ветар за него и без термика.

 

Се извинуваме поради слабиот квалитет на фотките.

Птица на гумен погон

Print PDF

Овој модел на гумен погон едноставно го нарековме Птица.Има распон на крила од 24 инча,турпот му е долг околу 20 инча,користи елиса изработена од балза од 8 инча.

За разлика од другите модели со слична концепција,оваа Птица е далеку поголема и бара поширок простор за летање.За неа не е доволен терен на некое фудбалско игралиште,бидејќи со само 100 намотки,ќе го прелета.

Овој модел а предвидено да има гума која ќе се намота од 600 до 1000 пати.

Тогаш летот трае неколку минути,а ако има термика, потребен е и детермализер на хоризонталецот.

Во спротивно,ќе одлета беза да можете да го најдете.

 

Моментално on-line

We have 17 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес191
mod_vvisit_counterСевкупно190207

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com