Почетна

Гумењар М-10

Print PDF

По подолго време повторно ви прикажуваме нов модел на гумењар.Го нарековме М-10 (иницијали од  името на еден од конструкторите).

Се работи за нискокрилец кој користи гума 1x4 мм.Потоа, елиса од 6 инчи од наше производство,а целиот е направен од депрон кој е дел од  боја а дел од депрон со основна боја.

Има стоен трап со наши тркала,а и носачот на осовината на елисата  е од наше производство.Значи главните делови на  гумењарот се од наше производство,без  да се користат делови од други производители.

Што да ви камажам.Иако крилата не се профилирани.М-10 има многу убав лет.Стабилен,мирен и слетува како пеперутка.

Вистинско задоволство е да се лета.

 

Двотрупец за високи летови

Print PDF

Иако на нашиот сајт немавме прикажано неколку дена нов модел,тоа не значи дека во нашата работилница во Охрид не се конструираат и прават гумењари.

Долго време се поготвуваме да направиме гумењар со два трупа и успеавме во тоа.За разлика од другите двотрупци,овој има и централен,затворен труп во кој е сместена гумата и кој го носи крилото и целата конструкција.

Се соочивме со многу предизвици,посебно во однос на тежиштето поради двете балзови летвички и големиот хоризонталец и двата вертикалци.Тоа успеавме да го совладаме со неколку експеримнети.

За централниот труп користевме депрон.Внатрешноста беше зајакната со ребра заради цврстина на трупот.Изненадувчки беше што двете летвички од балза кои ги поставивме под крилата беа цврсти и не се искривуваа.

Користевме нашпа елиса од 6 инчи,наши колца,носач на стојниот трап.Гумата беше 1x5 мм и оосема ги задоволи потребите за долги и високи летови.

Кога за прв пат го пуштивме моделот се изненадивме колку стабилно и високо лета.Тоа го гледаат и повеќе посетители во Горица кај Охрид кои не го криека своето задоволство од убавите летови на гумењарот.

 

 

Гумењар "малото момче"

Print PDF

Е,драги мои, по подолго време ви претставуваме нов модел од нашата работилница,

Го нарековме "малот момче".Тоа е вообичаено има за многу аеро модели во светот,па затоа го одбравме ова име

Направен е од балза, депрон во боја,користи елиса од 6 инчи и гума 1x5 мм поради неговата тежина и големината на елисата,

Целата убавина на овој модел на гумењар му го дава предниот дел.Тоа е кабината и надградбата на трупот кои се од депрон.Трупот е направен од балзова летвичка.

Долго време јас и моите соработници бевме во дилема дали да ставиме појака гума.Летавме со гума 1x3 мм,но потоа свативме дека со депронот добиваме   поголема тежина на моделот и затоа треба посилен гумен мотор.Тоа се покажа како исправно решение.

Моделот лета брзо,високо и стабилно.Сите делови на него се од наше производство.

 

Макси гумењар

Print PDF

Овој пат од нашата работилница ви го претставуваме моделот на гумењар кој го нарековме "макси" поради неговите димензии.

Моделот не е копија на ниту еден модел на гумен погон,туку е наша конструкција.Изработен е од депрон покриен со фолија во боја и е добар летач.

Користи елиса од 9  инчи,гума 1x8 мм.Трупот му е од балза 10x 5 mm.Го карактерисираат долги и високи летови.Во воздух може да остане и до една минута.Моторот (гумата) работи околу 35 секунди.

Слетува меко и на стојниот трап што значи дека е добро реглиран а и димензиите му се погодени.

Моделот има убави бои и поради тоа лесно може да се пронајде ако ви падне во поле.Вообичаено е да се пушта на тревнати,зелени површини.Жолтата боја доминитра и поради тоа е  многу воочлив.

Од ов0ј гумењар ние сме повеќе од задоволни,бидејќи остваривме високи и долги  летови.

Пегас од нашата работилница

Print PDF

Овој тип на модел веќе во го имаме прикажано.Спаѓа во една позната категорија "ембрио"

Пак се навративме на него бидејќи е добар летач,Како што вели познатиото моделар од Белград Лазар Лачимиќ кој имаше прилика да го види како лета во Охрид (го направивме малку неестетски првиот примерок),важно е да му се погодат параметрите и секој модел лета во такви услови.

Го нарековме  Пегас,по митскиот летечки коњ.Навистина може да издржи се'.И силен ветер,и лошо фрлање од рака.Буквално се'.

Користи наша елиса  од  шест инчи,гума 1x 5 мм,а направен е од депрон.Има и кабина направена од специјално лесен материјал.

 

Моментално on-line

We have 38 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес192
mod_vvisit_counterСевкупно190209

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com