Почетна

Комбинација на хеликоптер и модел на гумењар

Print PDF

Комбианција на хеликоптер и модел на авион.За елиминирање на силниот обртен момент на овој модел ги искористивме крилата од нашиот  гумењар "хорнет".

Комбинацијата се покажа како многу успешна и моделот лета многу високо.Идејата беше на Димитар и Александар кои прераснуваат во вистински моделаир-конструктори.

Користи гума 1x5 мм поради зголемената тежина-подолг труп и потешки крила.На овој модел поставивме и  вертикален стабилизатор така што по престанувањетон на работата на елисата оваа комбинација на хеликоптер и  гумњар-модел слетува контролирано.

"Наш" "Мустанг" на гума

Print PDF

Ова е "наш" "Мустанг".Го направивме заедно со моите соработници Димитар и Александар.Има наша елиса,носачи на крилата,колца и нос за осовината на елисата.Обоен е со специјална боја.

Не ставивме кабина ,бидејќи таа му дава дополнителна тежина.За вака мали модели секој грам е битен за летањето.Во тоа се уверивме неколку пати.

Заради илустрација,носачите на крилата,такавиканото "V",двата, тежат не цел грам.

 

Моделот користи ТАН 2 гума 1x3 мм.

Моментално  нарачавме  на поголеми количини на ваква гума, депрон и  балза од Англија.

Ги произведовме сите пластични делови за гумењар

Print PDF

По многу напори,ангажман на стручњаци,воздухопловни експерти,денес успеавме да  ги произведеме сите потребни пластични делови за мали гумењари.Направивме елиса,нос за елисата низ која поминува осовината,колца,носачи на крилата во "V" облик кој е и  најбрааниот дел кај моделарите.Овие носачи се подвижни и со нивно поместување може да се  погоди тежиштето.Со лепење тоа не е можно.Мора да се оштети и трупот а и крилата ако се бара ново тежиште.

Предноста на "V" ностачите е во тоа што тие се движат на трупот а и крилата не мора да се лепат.

Еве како изгледаат носачите на крилата со потребно "V" поставени на трупот од балза 10x5мм

                                                                  

Носачите на крила снимени од друг агол.

 

На фотката прва се гледа елисата,носот ,колцата носачите на крила,а на втората како се поставуваат крилата во "V" носачите.

Комплетен гумењар со сите пластични елементи,

Преднста на овие "V" носачи е во тоа што се подвижни и можат да се користат за крила по димензија што ќе ја одберете.

Во нив влегува крило со дебелина од 3 мм,било да  е од балза или од депрон.

Наскоро моите соработници во паркот на Градскиот плоштад ќе извршат презентација на многу модели и на хеликоптер,

За датумот  благовремено ќе ве информираме.

 

 

 

 

 

 

"Хорнет" и "Фокер" од наша работилница

Print PDF

Од нашата работилница излегоа два нови модели на гумењари.Димитар Димитров и Александар Јосифоски постојните модели што веќе ги имаме ги обоија со специјална боја и сега налицкани изгледаат привлечно,а и летаат многу убаво.

Тоа се "Хорнет" и "Фокер".Денес по мејл им ги пратив на моделари  во држави на Балканот и тие кажаа дка се воодушевени од нашите модели.Посебно ми  беше важно позитивното мислење на најдобриот моделар во Белград Лазар Лалчимиќ и наш покровител кога пред многу години го формиравме Охридскиот аеро клуб.

Користевме депрон за крилата,вертикалецот и хоризонталецот и балза 10x 5 мм за трупот.Забележувате,се е наше,направено во Охрид,недостауваа само деловите за такавиканот  "V" облик на кои се поставуваат крилата.Тој дел очекуваме да биде излијан во специјален калап деновиве.

 

 

"Фокер" и "Хорнет" на земјана површина

Боите кои ги користевме се ептен специјални бидејќи депронот не трпи боја со нитроразредувачи.

 

 

                                                                 

Воздухопловниот собир во Стенковец низ фотки

Print PDF

Наши моделари Димитар и Александар  на митингот во Стенковец пред своите модели

Со заодцнување ви прикажуваме фотки од воздухополовниот собир на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје.

Димитар Димитров во Стенковец со модел на гумењар "фокер" пред да полета

Александар се подготвува да полета сопствен модел на гумењар

Нашите модели привлекоа големи внимание кај присутните моделари

Електрохеликоптери од македонски моделари

Голема едрилица пред старт

Права "Цесна" полетува на аеродромот во Стенковец

На нашиот сајт има и видео-клип од лет на наш модел.

Фото:Александар Јосифоски

Моментално on-line

We have 9 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес88
mod_vvisit_counterСевкупно181939

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com