Почетна

Ја произведовме првата моделарска елиса на Балканот

Print PDF

Конечно пред вас е првата моделарска  елиса произведена на Балканот.Ја направивме во Охрид.Конструкцијата е на познати инженери конструктори,а лиењето е извршено во  специјализирана фирма.

Подготовките траеја неколку месеци и ги извадивме првите примероци.Пробите покажаа дека оваа елиса е подбора и од сличните американски и јапонски моделарски елиси.

Ова е елиса беше  дамнешен сон на авторот на овој текст и долгогогишен моделар кој видел многу модели,направил уште повеќе учествувал на многу натпревари.

Нова елиса поставена на модел

Елисата има многу специфична конструкција и облик и затоа влече најдобро од досега познатите елиси во Европа и во Америка.Тежи 1,5 грам,долга е 6 инчи,ја движи  гума од 1x3 мм,а може и појака,го поднесува и тоа,но за поголеми модели.Одлично е балансирана,не тресе,туку само го носи  моделот до 20 метри во височина.Тоа го покажаа сите наши досегашни испитувања.

Конструкцијата и производството го  финансираше  инженер кој со моделраството се запозна преку своите синови.Сега е вљубеник во летањето и преку овој текст му благодариме.

Наскоро ќе ви прикажеме и нови производи за моделарски потреби. 

 

Овие елиси се идеални за гумењари со должина на труп до 32 сантиметри и тежина до 20 грама.Може да се користи за  такавикани стапичари (stick),но и за моели со затворен труп.

Ви прикажавма црни и сиви елиси,но ќе ги произведуваме во убава црвена-вишња боја.

Наша "Цесна"

Print PDF

Моите соработници,млади,конструираа "цесна",која ја нарековме "наша".

Трупот има карактеристики на "цесна",но крилата се од друг модел на авион.Хоризонталецот и вертикиалецот личат на "цесна"

Тоа е мало објаснение за да се знае зошто овој модел е "наша цесна".

Трупот е затворен,а крилата се без профил.

Многу битно- обрнете внимание на елисата-досега не сте ја виделе и стално досега кажувавме за американски и чешки елиси.

За оваа елиса следи интересна приказна во друг текст.

 

Моделот на овој гумењар го пробавме и лета одлично.Во погоден момент ќе ви прикажеме и видео материјал за неговиот лет за да видите дека навистина лета убаво.

Модифициран "Фарман"

Print PDF

Конструиравме модел на гумењар "Фарман" познат француски авион во Втората светска војна.Го направивме по наши нацрти и лета одлично ако има подолга гума.

Трупот му е затворен,носачот на елиса е посебно изработен,а има и индустриски произведен носач на стајниот трап кој е расклоплив.Ќе го видите на една од фотките.

Модифициран е ,бидејќи стојнот трап од страна е затворен со плочи дрвенима крилата имаат затеги за да се поцврсти.Тоа е во оригиналнаѕа верзија.

Кај стојниот трап се гледа посебниот носач направен од пластика

за овој модел користевме депрон,елиса од 6 инчи,гума 1x3 мм.

Посебно треба да се внимава при конструкцијата на трупот.Во внатрешноста поставивме две ребра од балза токму под крилата со што моделот доби на цврстина.Исто така,предниот дел е од балза од 4 мм.Во неа се вметнува цилиндричен носач на елисата.

 

Моделот можете да ги видете како лета во одделот "видео" на нашиот сајт

 

 

Гумењар со коси ушки

Print PDF

Го нарековме гумењар со коси ушки,бидејќи тоа е карактеристика на овој модел,кој го прават американските моделари од балза,но и јапонски и други моделари.Има повеќе варијанти.

Ние го направивме (Митко у уште ден моделар) од депрон.Лесен е и сигурен во летањето.

Користи елиса од 6 инчи,гума 1x 3 мм,но труп  10 x5 мм е од балза  со што се добива многу лесен модел.

 

Го летавме во Охрид со големо задоволство.Моделот е добар летач,само треба да се има соодветен материјал и  - волја.

Неговиот лет можете да го погледнете на нашиот сајт во одделот видео.

"Верверичка" од летвички од балза

Print PDF

Интересниот модел "врверичка" на еден американски моделар го направивме во неколку варијанти.

Овој пат целиот модел е од балза.За трупот кристевме балза 10x5 мм,за крилата летвички од балза од 2x2 мм,како и за хоризонталецот,вертикалецот и такавиканите ушки на крилата.

Носечките површини се покриени со јапан хартија што го прави уште полесен.

Користи гума 1x3 мм,елиса од 4 инчи,а има и стоен трап.

Се на се' тежи околу 12 грама што многу добар сооднос з ваков модел."Верверичката" поради малата тежина едноставно "стои" во воздухот.Тешко се приземјува.

 

Лета толку убаво што ќе  го освои и човекот кој никогаш немал врска со воздухопловното моделарство.

Моментално on-line

We have 31 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес192
mod_vvisit_counterСевкупно190209

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com