Почетна

Профил на модел на "фокер"

Print PDF

Продолжуваме со прикажување на модели на гумен погон изработени од депрон.Ги прават моите соработници,млади моделари.

Овој пат е такавикан  профил на "фокер" D-8 ,еден од подобрите авиони во Втората светска војна.Само што овој е од депрон и од липово стапче.

Користи гума 1x3 мм,елиса од 6 инчи,има посебно изработен нос на која е поставена елисата,Индустриски е направен во САД.И колцата се нарчани од производител од оваа земја.

 

Постојано пишувам дека моделите добро летаат.Тоа е вистина бидејќи се работи за квалитетно изработени летала,со добро тежиште,добра елиса и што е најважно, имаат соодветни димензии.

Моделите имаат мала тежижина, окоу 12 до15 грама што е особено важно за вакви гумењари.Поголема тежина не  ги дава очекуваните резултати.

Ова го знам од искуство.Можете се добро да направите,ама ако моделот е тежок,лета слабо и несигурно.Тогаш безпотребно се менува тежиштето,се зголемува или намалува нападниот агол на крилото,потоа на хоризонталецот...

 

 

Гумењар во боја

Print PDF

На денешното летање кај  Спортскиот центар во Охрид моите млади соработници Димитар и Александар ме изненадија со еден свој модел на гумењар.Го направиле во боја,ама од депрон.Изгледа убаво,а и лета задоволивачки со оглед на тежината на материјалот.

Ветрот беше јак за  модели со вакви димензии,меѓутоа направивме убави летови.

Моделот користи стандардна елиса и гума,има стоен трап со колца.Достигнува  височина од преку 15 метри.За мене беше интересно што моделот лебдеше по завршувањето на работата на гумата иако нема профилирано крило.

Кобинацијата на бои е тоа што освојува кај овој мкдел.Едноставно ги дразни сетилата.А,згора на тоа и лета.Како што рече еден од присутните на терен-многу е важно моделот убаво да лета.Тоа е најголема радост за моделарите.

Се согласив.

Гумењар на охридски моделари

Print PDF

Во Охрид делува група на млади моделари.Се зафатија и со конструкција на модели на гумењари.Тоа сега го прават младите Димитри Димитров и Александар Јосифоски.Се зафатија дури и со конструкција на делови -пластични за своите летала.

Интересно е што во Охрид воздухопловни  ентузијасти работаат на конструкција и производство на сопствена елиса,која не се прави никаде на Балканот.

Овој пат ви претставувам еден нивен модел.

Има затворен труп (користеа депрон),мала кабина обложена со фолија,стоен трап со колца и елиса од 6 инчи.Крилото е рамно без профил и е поставено многу напред поддалеку од хоризонталецот,што на моделот му дава убави летни карактеристики.

Моделарите користеа гума 1x3 мм.Најпрво беа во дилема дали гумата ќе биде доволно моќна да подигне еден ваков модел кој,патем речено  е многу лесен.Првите летови покажаа дека и елисата и гумата одговараат на карактеристиките на гумењарот.

Овој гумењар е убав за гледање,но најважно е што убаво лета.

Сега младите охридски моделари почнаа да работаат модели на депрон во боја.

Набргу ќе ви прикажаеме и такви модели.

Ќе треба да им се придружам,иако балзата ја сметам за "кралица" во моделраството.

 

"Нос" за модели на гумењари

Print PDF

Овој пат сакам да ви прикажам како изгледа "нос" за гумењар низ кој се протнува осовината која ја носи елисата.Ова го правам затоа што  носачот на елиса од пластика е релативно скап и се набавува во странство.

Постапката за изработка е малку сложена и затоа овој пат само ќе ви прикажам фотографии.Во друга прилика ќе ви ја претставам целата постапка.

Искусните моделари  можат да направат ваков носач од челична жица.

"Мал Американец" на гума

Print PDF

Пред вас е модел на гумен погон направен во познатата фирма Guillow's.Моделот во САД се лета  со децении,а е наменет за најмладите моделари.Се продава во кесичка.Деловите се од балза,предниот дел од пластика на која е поставена елиса од околу 5 инчи.Користи гума  1x 3 мм.

Многу едноставно се составува.Крилата се готови уште во комплетот и треба да се вметнат во трупот.Имаат однапред превиден "V" облик.Се вметнуваат во иссечени отвори и вертикалецот и хоризонталецот.Исто тоа се однесува и за кабината,Практично не се користи лепак.

Изгледа убаво и е многу лесен.Има квалитетна елиса ,а и балзата е квалитетна,посебно на трупот.Убаво е и избоен со плава боја.Се на се' се работи за модел кој освојува.

Моделот го направива,но се уште не го имам пробано на отворено.Во соба лета многу добро,иако тоа е мал простор за него,без разлика што има мали димензии.

 

Моментално on-line

We have 12 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес88
mod_vvisit_counterСевкупно181940

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com