Почетна

Уште еден гумењак од балза

Print PDF

Овој пат ви претставуване уште еден гумењак,кој се изработува од балза и јапан хартија.Специфичен е,но кој ќе го направи ќе види дека убаво лета и ќе ви пружи големо задоволство.

Шемите се многу смалени поради големината на просторот на нашиот сајт,но за поискусните моделари нема да биде  проблем,бидејќи сигурно имаат свои модели со чии димензии можат да ги споредат и да ги прилагодат.

Овие модели не се градат за неколку часа,туку за неколку дена поради употребата на балза,јапан хартија(користење на нитро лак,сушење на крилата на рамна подлога).

Можат да пробаат да го изработаат и оние со помало искуство,но не  и почетници.

За нив е потребна помош од поискусните моделари.

Мал гумењак,ама добар летач

Print PDF

Пред вас е мал гумењак кој одлично лета.Тежи  десеттина грама,користи гума пирели   1x3mm,елиса од околу15 сантиметри.

Направен е од липа (трупот),крилата од депрон,хоризонталецот и вертикалецот од експандиран полистирол.Стојниот трап е од жица,а колцата од пластика.

Кај овој модел има нешто многу важно.На задниот дел од хоризонталецот има елерон од потврда хартија.Со негова помош гумењакот лета навистина одлично.Обично елеронот се крева на нагоре,во зависност од потребата.

Крилата и хоризонталецот не се поставени под агол.

Оригинално решение на моделарот Л.Лачимиќ

Print PDF

По подолго време ви нудам едно интересно решение за изработка на крило.То го прави познатиот аеро моделар од Белград Лазар Лачимиќ.Тој успеал да спои балза и депрон-многу лесен материјал.Преднио дел на крилото го прави од балза, една третина од крилото,а останатиот од депрон.Меѓу себе ги лепи со специјално бело лепило "Хенкел"На тој начин штеди балза ,а добива и многу јако крило.

Поле лепењето предниот дел на крилото се шмиргла во замисленот облик на профил за задниот со депрон не.Тој само се свиткува кон долната страна за да се добие саканиот профил.Крилото е цврсто,но може да се корсти само за крила до 20 сантиметри должина.Подолгите ја немаат потребната цврстина.Ако сакате да направите подолго крило со оваа комбинација требате да вметнете рамењача на средината на крилото и нападна и излезна ивица од балза.

 Лизгачите на Лачимиќ

 

Млазњак на гумен погон

Print PDF

 

Сега ќе ви прикажам интересен модел кој лета на гума,а има облик на млазен авион.Трупот  е направаен од балза од 3мм.Крилата се конструктивни,со ребра и покриени со јапан хартија.од летвички балза се направени и хоризонталецот и ветикалецот и се покриени со јапан.

 

 

Во целава конструкција интересно е што моделот го движжи елиса на задниот дел-такавикана потисна елиса.Моделот корсти гума од 1X3мм.Елисата е правена во Англија и е од балза.

Моделот лета под дреден агол во кругови.Прави до четири круга од по десееттина метри.не постигнува голема висина.Сепак,интересно е да се гледа како лета во кругови под одреден агол.

Prairie bird на гумен погон

Print PDF

 

Пред вас е,драги мои љубители на воздухопловното моделарство,оригиналнио гумењар "Praire bird",конструиран од познатиот американски моделар Боб Пек.

Мнгу внимателно е конструиран.Трупот е на долната предна страна е рамен,а од средината кон крајот  добива косина.Горната страна од трупо,освен акосе изземе јабината е целосно рамен.На предниот дел е планкира,(обложен со балза  меѓу попречните летвички од балза..Тоа му дава цврстина на предницата и трпи пголеми удари во  дрва,мали ѕидчиња ако се пушта во градска срдина,а не на отворено.

Забележав и нешто друго,интересно.Славниот Пек колцата ги скрил делумно со посебно обликувани штитници кои исто така се прават од балза и тоа од 1мм.

Конструткторот се одлучил на крило со ушки, така моделарите ги викаат оние делови од крилото кои се поставени на краевите на крилото.Иако во голем дел од литературата што го третира воздухопловното мдоеластво велат дека најдобро решение за крилата е кога тие   се во облим на "V" од средината на крилото,можам дави кажам дека Пек направил добар избор не држејќи се на овие стандарди.Крилото е цврсто,добро легнува врз кабината на моделот кога преку него ќе се постави само една гумичка.

Од пробните летови на  отворено забележав дека многу е битно тежиштето да се наоѓа на 33 насто од нападната ивица на  крилото.Тогаш се постигнуваат одлични,долги летови.

Може да се случи од некоја причина - подебели лајсни од балза  за вертикалецот и хоризонталецот тежиштето за околу еден сантиметар да биде поназат.Тога моделот се крева нагло,пумпа и нема добар лет.не помага ниту тоа ако зад задниот дел од крилото  ставите пдоемтка од,на пример  1мм за да го смалите нападниот агол.

Мора тежиштето да бие на местот според планот.

Јас имав таков проблеми кој  беше решен кога на предниот дел од трупот поставив оловца (две)од под еден грам.

Моделот ,иако потежок леташе перфектно и елегантно.

Вистинско уживање е да се гледа како ваќа висина,а потоа лета во кругови.

Поднесува и посилен ветер.

 

Моментално on-line

We have 39 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес192
mod_vvisit_counterСевкупно190209

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com