Почетна

Ми-18 - гумењар од балза

Print PDF

 

Пред вас, драги мои, е модел на гумењар направен исклучиво од балза.Го прават моделари во САД,се продава во комплет.Носи име ми-18.Почетните бројки немаат врска со познатите  руски авиони миг (ова само како појаснување).

Трупот му е направен од летвички од балза.Интересно е што горниот дел е заоблен,со ребра,но производителот превидел да се покрие  со обична хартија за печатари.Во оригиналната американска верзија,страните на моделот се од балза 1мм.Јас се одлучив ,иако бара многу повеќе време и труд,да го направам целиот со летвички од балза.

Крилото е направено од балза.Ребрата,нападната и излезната ивица се од балза,а целото крило е покриено со јапан хартија која еднаш напишав повеќе личи на флис отколку на јапан.Ја продава фирма од САД.

Хоризонталниот стабилизатор е направен од цела балза од 1мм,како и вертикалецот.

Користи елиса во оригинална верзија од 5,5 инчи,но јас поставив елиса од  6 инчи.Кај овој модел и кај другите мали модели се јавува проблемот со зачувување на тежиштето  онака како што предвидел конструкторот.Со малите елиси од 4 инчи тоа тешко се остварува.Со овие поголемиве малку е подобро.Обично тежиштето е на 33 насто од нападната ивица на крилото.

Моделот што го гледате користи гума од 1x 3мм за елиса од 6 инчи,или  1x2мм за елиса од 4 инчи.

 

На фотките се гледааат крилата,трупот,оригиналната јапонска елиса од пластика од 4 инчи

Ми-18 лета многу убаво и на отворен простор ,иако е предвиден  за летови во поголеми сали.Морам да признам дека не трпи  ветер,затоа треба да се лета речиси во безветрено време..

Мал е под димензии,нема силен мотор (гума) и затоа не е најпогоден за летање по ветровито време.

Дава огромно задоволство ако добро го реглирате.Прави убави летови кои се паметат.

 

Одличен комбиниран летач

Print PDF

 

Ова се модели на гумен погон, ама комбинирни.При изработката користев балза,јапан хартија,ама и експандиран стиропор.Моделите се правени според познатиот тип на модели на гума EMBRIO.Успешно се прават и се продаваат во САД.

Трупот е изработен од летвички балза од 2мм и е покриен со јапан хартија..Крилото-нападната ивица од балза 3мм,излезната ивица од балза 2мм,ребрата до балза од 1,5 мм.Покриено е со јапан хартија призведена во САД,која повеќе личи на флис хартија отколку на јапан, но е многу  цврста и ја има во повеќе бои.На трупот и крилото јапанот се лепи со неостик, не со нитро-лак бидејќи тој тешко го залепува јапанот.Со тоа моделот не добива многу во тежина.Неостикот со време испарува.

Задниот дел,хоризонталецот и вертикалецот се изработени од експадниран полистирол.Го пробав ова решени не поради заштеда на балза и јапан хатрија, туку повеќе како проба.Да видам дали моделот ќе има исти карактеристики како што би ги имал ако хоризонталецот и вертикалецот беа изработени од  балза и јапан.

Можам да ви кажам дека не згрешив.Моделот со ваква комбинација,иако е малку потежок,одлично лета со гума од 1x3мм,Фаќа висина од  над десет метри и прави кругови од под дваесеттина метри.

 

Е,овој "EMBRIO"е направен од труп од балза и јапан хартија,а крилата и хоризонталецот и вертикалецот  се од експандиран профилиран полистирол.

Малку е потежок од преходно прикажаниот  модел, но одлично лета.

Предноста е што не се губи време во изработката на  крилото со ребра и покривањето со јапан хартија.Тоа се однесува и на вертикалецот и на хоризонталецот.

Моделот го пробав на терените околу Охрид.Фантастично лета и ми приредува убави моменти на  уживање,

 

Модел на гумењар "бис 14"

Print PDF

 

Ова е модел на гумењар на славниот авион на Алберто Сантос Димон кој на 23 октомври 1906 година прв со конструиран авион на европско тло успеал да полета.Неговиот авион го нарече "бис 14".Сантос живеел вио Париз, бил боем,вљубеник во воздухопловството.Потекнувал од богато бразилско семејство.Бил омилен во француските високи кругови.

Овој модел изработен е од балза,јапан хартија.Трупот е направен од  балзови лајсни и не е затворен.Има крило со рамна страна на долниот дел ребрата.Во овој случај, користи елиса која е изработена од балза од трупче со дебелина од 10мм.

 

Моделот го влече гума 1x3 мм.од типот пирели.Го зиработив пред една година врз основа на план од еден мој американски пријател кој се занимава со моделарство.

Првите летови  на отворено не беа охрабрувачки.И покрај добрата реглажа "Бис" не леташе добро.По неколку безуспешни обиди заклучив дека е претежок поради што морав да изработам сопствена елиса,што бараше  и повтроно местење на тежиштето.Потоа имав со него убави но куси летови.

Доро изгледа и е привлечен, но не дава многу можности за уживање во долги летови.

Воја нуди собари што летаат со минути

Print PDF

  

"Јуниор колибри"                                       Девојче во сала го пушта моделот од рака

Ова се модели на собни модели mini stick.Се викаат собни затоа што можат да летаат во простории од 5x5 метри, но најдобро е да се летаат во спортски сали,кои ги имаме и во нашиот град.

На фотографијата е собниот модел "Јуниор Колибри" што го изработува Војислав Стојковиќ,познат моделар од Белград,докажан ентузијаст и конструктор.Моделот тежи само неколку грама,но затоа лета неколку минути во затворен простор.Го движи тенка гума од 1мм,специјално изработена елиса.За него е потребна и посебна  моталка за гумата што,исто така ,ја прави Стојковиќ.Моделот чини околу 430 денари,или околу  7 евра.

 

"Јуниор  колибри" на постоље                                      Намотување на гумата

Собните модели на работна маса

 

Овие модели на гумен погон се посебно погодни за зимски  период, иако се интересни за летање и на лето, на пролет, на есен.Велам за зима,бидејќи тогаш моделарските активности се одвиваат главно во затворен простор-сали.

Не се скапи,не бараат многу време  да се склопат.Некаде околу два часа,а даваат огромно задоволство порди  долгите летови од неколку минути.

Ова е сајтот кој ќе ви помогне да дозанете повеќе за овие модели:

www.modelar.org.rs

Ефектна "слободна" елиса

Print PDF

Елиса од балза,но посебна и ефикасна-се разбира за модели на гумењари,поточно за полумакети.

НА ФОТОГРАФИЈАТА ГО НЕМА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ЕЛИСАТА-ТЕНКА ЖИЦА СО ОЛОВО СО КОЈА СЕ БАЛАНСИРА ЕЛИСАТА.МОРАМ ДА ПРИЗНАМ МИ СЕ СКРШИ НА ЕДЕН ЛЕТ,НО СЕПАК  КЕ ВИ ОБЈАСНАМ КОЈА Е ПРЕДНОСТА НА ОВАА ЕЛИСА.

Се состои од еден крак на елисата направен на калап,глава на која е залепен кракот,пластичен дел кој влегува во  моделот и низ кој поминува осовината.

Клучот е во предниот дел.На главата  во челичната  осовина се става федерче,челично.Крајот на осовината е свикткана во облик на буквата "Г" која на граничник поставен на главата го спречува превртувањето на елисата.Штосот е во следново.Кога се намотива гумата федерчето се набива и се така до крај.

Се става елисата во моделот и нормално се пушта да врти.По одвртувањето на  гумата,ФЕДЕРЧЕТО  ја дели главата и елисата од пластичниот дел и почнува слободно да врти.На тој начин моделот добива влеча од струењето на ветерот,но и од неговата инерција.

              

Овој тип на елиса е многу ефикасен и обезбедува многу долги  летови на моделите на гума,бидејќи влече и кога гумата е одмотана до крај.

Морам да напоменам дека оваа идеја пред некоја година ми ја пренесоа двајцата браќа  од Белград Лазар и Бошко Лачимиќ,врвни моделари,победници на многу натпревари во вистински гумењари -Ф1Б,лизгачи.Тоа се мои долгогодишни пријатели.

За подетални информации можете да се јавите на нашиот контакт телефон.

 

Моментално on-line

We have 41 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес192
mod_vvisit_counterСевкупно190209

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com