Почетна

Гумењар-бомбардер

Print PDF

Од нашата работилница во Охрид постојано излегуваат нови модели на гумен погон.Овој пат тоа е гумењар-бомбардер,барем според неговиот облик.

Трупот е од депрон, исто и хоризонталецот и вертикалецот.Крилото е профилирано,со ребра со специфични карактеристики.Го изработовме од балза и го покривме со јапан хартија.Карактеристично за ова крило е тоа што многу убаво го носи моделот во воздух,при летање (работа на гумениот мотор) и при планирање (слетување).

На крила ставивме и обликувани млазни мотори ,иако моделот го влече елиса.На овој модел не можевме да поставиме мини млазни или ракетни мотори,бидејќи тоа не го  дозволува неговата градба,но и големината на целиот модел.

Стојниот трап е малку изменет со тоа што тркалата се покриени  со  заштитници од балза.Тоа на моделот  не му  прави проблеми со аеродинамиката. иако на почеток  мислевме дека тоа ќе се случи.

Поради обликот на крилото,моделот е многу брз,стабилен и оставрува високи летови и покрај додатоците под крилата.

 

Гумењар "Алфа- 02АМ"

Print PDF

Драги мои,овој пат заедно со Димитар Димитров кој прерасна и во одличен конструктор на сопствени модели,овој пат ви го претставуваме најновиот модел на гумењар од нашата работилница "алфа-02АМ".

Долг е половина   метар,крилата имаат распон од 600 мм,користи гума  1 5мм,или две нишки гума од 1x 3 мм.

Интересно е што ја користи истата онаа елиса од 6 инчи што ја коростат и многу помали модели.

Оваа елиса е вистинско чудо.Има прецизно одреден чекор (агол под кој влече) и поради тоа и со многу посилна гума не одвртува брзо.На тој начин се постигнуваат саканите летови.За овој тип на гумењар предвидена е елиса од 8 инчи,но бидејќи нашиот е многу лесен.тежи  нешто повеќе од 22 грама.елисата го постигнува својот максимум.Ист ваков модел изработен од балза,со елиса од 8 инчи,со три нишки гума 1x 3 мм   тежи околу 60 грама.

Гумата се навива околи 200 пати (поради долгиот труп, има и должина гумата) и' овозможува лет  подолг од 30 секунди.

Крилото е рамно,не е профилирано.Но, затоа добро го држи моделот во воздух и при планирање по завршувањето на работата на елисата.

При конструкцијата конструкторот водеше сметка моделот да има што помал отпор.бидејќи е со поширок труп,а има и кабина чиј преден дел создава челен отпор.Затоа,носото,предниот дел е спуштен под поостар агол,а  предниот дел на кабината исто така има пад под голем агол.Тоа се покажа како корисно решение.

 

 

 

"Алфа" со експериментално крило

Print PDF

Пред вас е моделот на гумењар "Алфа",но се експериментално крило кое за прв пат го испробавме на ваков модел.

Крилото е рамно по целата должина,но на неговите краеви има такавикани винглети кои му ја  обезбедуваат страничната стабилност,која вообичаено се постигнува со ушки, или со крило кое во коренот има лева и десна страна под агол..

Морам да признам дека со моите соработници на почетокот на веруваме дека со вакво крило,модел со конструктивен,затворен труп,ќе лета стабилно.

Стравувањата се покажаа како неоправдани.Моделот има елегантен и убав лет.Издржува посилен ветер ,а трпи и грешки при пуштањето на моделот оа рака што често се случува кај помладите моделари.

Вакво крило прв во светото го претстави американски моделар кој сака да експериментира.Целата "финта" е во тоа да се постигне сооднос на должината на крилото,ширината,со димензиите на крајните винглети.

 

Гумењак "Алфа 01"

Print PDF

Пред вас почитувани мои е новиот модел на гумењак,направен во нашата работилница.Го нарековме "Алфа01" затоа што наскоро ќе ви прикажеме уште една верзија од овој модел,но со поинаков труп.Уште веднаш да ви кажам со елиса од 6 инчи и со гума 1x5 овој модел лета извонредно и покрај неговите поголеми димензии.Тоа му го овозможува одличната елиса, квалитетната гума,но и малата тежина.

Направен е од депрон,а само на крилото користевме  и балза од 2,5 мм се со цел да биде поцврсто,бидејќи депронот ја нема потребната цврстина.

Внатрешниот дел од трупот е зајакнат со две носечки ребра,кои му го даваат и обликот.Поставени се под предниот и задниот дел на крилото.ребрата се од поцврст депрон,но со мала тежина.Целиот модел тежи околу 18 грама.

За овој модел е карактеристично што крилото не му е профилирано,но се изненадивме кога видовме дека и без профил,лета извонредно.Со 150 намотки на гумата достигнува висина од околу 15 метри.Гумата може да прими 300 намотки,ако предходно е намачкана со рицинусово масло.Во зимски услови,во ниски температури,гумата е покрута за разлика од на пролет или на лето кога температурите се поволни за користење на ваква моделраска гума.

При слетување забележавме дека поради немањето на профил на крилото овој модел знае малку да "усвири"во десно (кога лета се качува во леви кругови),но тоа не ја намалува убавината на неговиот грациозен лет.Тоа се случува на самиот крај на летот,пред самото слетување.По се изгледа дека поради отсуството на профил на крилото доаѓа до такавикан столинг,кога струјниците се одлепуваат од крилото и моделот ги губи летните карактеристики.

Модел на гумењар "beta01"

Print PDF

Еве не' повторно со нов модел на гумењар.Го нарековме "beta01",бидејќи сличен модел веќе ви претставивме.Кај овој модел крилото има поинаков дизајн,а и внатрешноста на трупот е конструирана  на нов начи.Наместо балза,за ребрата на трупот кои му даваат цврстина,користевме појак,не подебел,депрон.Трупот доби цврстина,но ја сочувавме тежината,која не е поголема од 18 грама на цел модел.

Знаете веќе.Користиме депрон од увоз.Од него го правиме трупот,хоризонталецот и вертикалецот.Крилото е половина од депрон,а половина од балза.Тоа ни беше потребно,бидејќи депронот ја нема потребната цврстина за крило,а и поради неговото профилирање.Исто така,освен што балзата се наоѓа на предниот дел на крилото,неа ја ставаме и на средината на крилото на задниот дел.Тоа е потребно поради употребата на ластчиња со кои се присцврстува крилото за трупот.Ако тие делови не се од балза,ластичињата ќе го пресечат депронот.

Моделот одлично лета.Користи гума 1x5 мм пирели,намачкана со рицинусово масло поради еластичност и издржливост.Елисата од наше производство и е единствена на Балканот.Исто така и колцата сами ги изработуваме ,како и носачот на осовината на елисата.

 

 

 

Моментално on-line

We have 2 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес87
mod_vvisit_counterСевкупно181939

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com