Гумењар "алфа" од депрон

Print PDF

По подолго време во претставувавем нов модел на гумењар кој го изработивме во нашата работилница.Го нарековме "алфа".Направен е од депрон и тоа од две врсти депрон.Потенкиот е користен за трупот и подебелиот за крилата.Има конструктивн труп,што значи дека внатрешноста има ребра кои го обликуваат трупот и му дваат цврстина поради употребата на лесен депрон.

Користи гума 1x5 мм и елиса од 6 инчи изработена во нашата работилница.Има стоен трап со колца исто така од наше производство.Крилото за трупот е поврзано со ластичиња,што овозможува  полесно чување во домот бидејќи зафаќа помал простор.

Тежиштетот му е на 30 насто од нападната ивица на крилото кое не е профилирано.Овде сакам да напоменам дека иако крилото нема профил има убави летни карактеристики поради многу малата тежина на моделот.

Го пробавме и на ветер и на мирно време.Лета многу стабилно и високо.Постигнавме долги летови благодарение на квалитетната елиса,но и на одличните преформанси на целиот модел кој по малку наликува на Линдберговиот авион  "Духот на Сент Луис".Тоа се однесува на трупот,а крилата  се сосема поинакви.

 

Моментално on-line

We have 40 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес91
mod_vvisit_counterСевкупно181943

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com