ДЦ-3 на гума

Print PDF

Ова е ДЦ-3  еден,ако не и најдобар транспортен авион во Втората светска војна,кој и денес лета на многу континенти.Производител е компанијата "Даглас".По лиценца се правел  под името "дакота"или пак како модел "Ли" во СССР.

Ние го направивме како гумењак и тоа успешен.Крилата единствено се разликуваат од оригиналот поради погонот на гума и потребната стабилност.Овој има ушки,а кај правиот крилата добиваат агол речиси во самиот корен каде се поставени моторите-ги има два.Кај нас е со една елиса за да не ја оптоваруваме конструкцијата.

Крилата,како и кај оригиналот, се поставени на долниот дел од трупот под агол од 3 степени.Отворот каде што влегува крилото е ојачан со летвички од балза,бидејќи депрониот не трпи притисок од крилото кој  се поврзува со ластичиња за трупот.Тој дел е ојачан и со двоен депрон.

Користи наша елиса од 6 инчи и гума 1x5 мм.Стојниот трап е поставен во посебен пластичен носач.По потреба може да се изведи што значи дека е монтажен.

Летот на овој модел на ДЦ-3 е стабилен и убав,Со околу 200 намотки на гумата  лета на височина од десеттина метри.Интересно е дека поради стабилност по правец на вертикалецот  направивме еден зарез-елерон,кој е поставен да влече во десно.Така моделот прави благи кругови во лево.Ако нема елерон,нагло пропаѓаше во десно.

Моментално on-line

We have 22 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес89
mod_vvisit_counterСевкупно181940

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com