"Yard Bird" од депрон и од балза

Print PDF

Пред вас е нашиот нов модел "Yard Bird".Направен е од депрон (труп,хоризонталец,вертикалец),но и од балза- крилото.Овој модел на гумењар е многу популарен  кај американските,шпанските и англиските воздухопловни моделари поради убавите и долги летови, но и порад дизајнот.

При изработката на трупот,хоризонталецот и вертикалецот  користевме депрон со дебеленина од 3 мм.

Крилото е изработено од балза.За ребрата користвеме балза од 1,5 мм,за нападната ивица на крилото балза од 3 мм и за излезната ивица на крилото исто така балза од 3 мм.

Целото крило е покриено со такавикана јапан хартија,која на конструкцијата на крилото се лепи со нитро-лак,потоа се прска со вода, се чека водата да се исуши,па се лакира јапан хартијата со разреден нитро-лак три пати.

Ова крило е полесно од крилата правени од стиродур и други слични материјали.Освен тоа со ребрата од балза ги сочувуваат аеродинамичните карактеристики на крилото што на моделот  му овозможува стабилни и долги летови.

Користи рачно изработена елиса од балза од 7,5 инча.

contakt

Моментално on-line

We have 7 guests online
English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес37
mod_vvisit_counterСевкупно274182

Соработници

Banner

Барај

Developed by sam-digital.com