Thursday, 17 May 2012 21:42 Last Updated on Thursday, 17 May 2012 22:03
По многу напори,ангажман на стручњаци,воздухопловни експерти,денес успеавме да ги произведеме сите потребни пластични делови за мали гумењари.Направивме елиса,нос за елисата низ која поминува осовината,колца,носачи на крилата во "V" облик кој е и најбрааниот дел кај моделарите.Овие носачи се подвижни и со нивно поместување може да се погоди тежиштето.Со лепење тоа не е можно.Мора да се оштети и трупот а и крилата ако се бара ново тежиште.
Предноста на "V" ностачите е во тоа што тие се движат на трупот а и крилата не мора да се лепат.
Еве како изгледаат носачите на крилата со потребно "V" поставени на трупот од балза 10x5мм
Носачите на крила снимени од друг агол.
На фотката прва се гледа елисата,носот ,колцата носачите на крила,а на втората како се поставуваат крилата во "V" носачите.
Комплетен гумењар со сите пластични елементи,
Преднста на овие "V" носачи е во тоа што се подвижни и можат да се користат за крила по димензија што ќе ја одберете.
Во нив влегува крило со дебелина од 3 мм,било да е од балза или од депрон.
Наскоро моите соработници во паркот на Градскиот плоштад ќе извршат презентација на многу модели и на хеликоптер,
За датумот благовремено ќе ве информираме.