Галерија

Нискокрилци на гума

Print PDF

Овј пат ќе ви претставиме модели на гумен погон кои имаат ниско поставени крила-нискокрилци.Првиот на фотографијата е такавикан  профил- модел.Тоа значи дека нема конструктивен труп,туку само профил на трупот.Лета убаво,но не е за пуштање на ветровито време.

Ова е некоја комбинација на модел на гумењар на познатиот спитфајер од Втората светска војна кој се прослави во одбраната  на Англија и се смета за еден од најдобрите ловци на клипен погон воопшто.Лета на ледина  мнгу убаво.Не како оној вистинскиот,ама лета.

И ова е модел на нискокрилец,но има конструктивен труп.Повторно се работи на минијатурна копија на англиски авион Го пробавме и има многу убави летачки карактеристики.

Сите наведени модели на гумењари се направени во Охрид и тоа од експандиран полистирол.

 

Гумењари за уживање

Print PDF

Овој пат ќе ви прикажеме два убави модели на гумењари,такавикани профили на модели, бидејќи немаат конструктивен труп.

Правени се од експандиран полистирол,користат гума 1x3,а  елисата  е од чешко произвидство со должина од 15 сантиметри.

Ова е посебно интересен модел на гумењар.Има рамно крило, но на краевите се поставени и мали ушки.Лета и без  нив, но вака е постабилен.За многумина е  малку збунувачко,поради стабилноста,како овој модел може  да лета.

Го летам подолго време и можам да  порачам дека е многу стабилен во воздух без разлика на неговата невообичаена конструкција.

Гумењар од балза и јапан хартија

Print PDF

Ова е модел на гумењар направен исклучиво до балза.Конструиран е врз основа на моделот "SKYBUNYY" кој го летаат моделарите од САД,а производител е позната  фирма за моделарство од оваа земја, од Калифорнија.Изменет е обликот на крилата,како и вертикалецот и хоризонталецот.

Крилото е изработено од ребра и покриено со специјална јапан хартија,која се лакира со нитро лак.Хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор не се профилирани како крилото (немаат ребра).а трупот е од цврста балза од  5 милиметри.

Моделот го движи елиса од 8 инчи,а се користи гума од 6X1 мм.

 

Овој модел на хоризонталецот,вертикалецот и на крилата има такавикани елерони.Со нив се регулира правецот,но се обезбедува и перманентно качување на моделот во висина,посебно со елеронот од хоризонталецот.Но, треба да се внимава да не се претера,бидејќи моделот може да почне да пумпа,наместо да лета.Ова се случува доколку елеронот на хоризонталецот се постави  со преголем  агол на горе.

 

На фотката е  гумењар со само еден елерон-на хоризонталецот кој му дава висина

Го летам кај Горица во Охрид и лета мошне високо.Во услови на јака термика може да се изгуби.Не користам детермализер бидејќи не ја намотувам гумата до крај,а со тоа  го "програмирам" гумењарот да не лета многу високо.

Овој гумењар има такавикан парасол на кој е поставено крилото,така лета постабилно и повисоко.Тоа ми  го покажа искуството.

Брз и лесен летач од стиропор

Print PDF

Модел на гумењак направен од стиропор,Брз е, лета добро, а го движи моделарска гума 1x3 мм.Стојниот  трап,на кој колцата многу малку се гледаат, му ја дава убавината на моделот,иако доста ја влошува аеродинамиката.

Овој модел на елисата има и мал спинер,кој не е само за украс,бидејќи придонесува во подобрување на аеродинамиката.И спинерот е направен од стиропор.

Моментално on-line

We have 32 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес192
mod_vvisit_counterСевкупно190209

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com