Искуства

Олд тајмер на гума лета до облаци

Print PDF

 

Олд тајмер на погон на гума направен исклучиво од балза и со елиса од сопствена конструкција

Долг е 70 сантиметри,а распонот на крилата му е околу 100 сантиметри

 

Овие две фотографии покажуваат олд тајмер,модел на гумен погон кој лета до облаци.Достигнува висина од триесет метри ,а летот му трае  повеќе минути.Слетува кога на хоризонталниот стабилизатор ќе се активира такавиканиот детермализер,кој хоризонталецот го става под агол од 45 степени.Тогаш моделот,слетува речиси вертикално.

Ако го фати термика, (топол столб),може да избега,да се изгуби во воздухот  ако немате детермализер.

Направен е од исклучиво од балза.За трупот користена е балза со дебелина од три милиметри-систем на ма тенки лајсни.Има конструктивен труп,Крилата се исто така од балза.Ребарата се од балза од 1,5 мм,рамењачите од 3x5мм.Нападната  ивица од 6 мм,а излезната од 5 мм.

Го движат шест ленти гума 3x1 мм,кои се поврзани со специјални изработена елиса од балза,долга околу 400 мм.

Целиот модел покриен е со јапан хартија и излакиран со нитро лак.

Има одлични летачки способности.Се пушта исклучиво на широк простор.Лета многу високо.Се пушта од рака,а полетува и од земја од рамна површина.

При реглажата.која е задолжителна за вакви модели,моделот најпрво се ничкосуваше кон земја.

Најпрво го преместив тежиштето наназад,а го зголемив и нападниот агол на крилото за два милимтери.

По таа интервенција олд тајмерот леташе како препороден.

Гумата прима околу 300 намотки,доволни да го кренат моделот на голема височина.

Моделот лета во Охрид.

Балзата е основа на аеро моделарството

Print PDF

Ленти од балза со разлина големина

Балзата е основниот материјал кој треба  да го користи аеро моделар ако сака да направи добар  и лесен модел,што е предуслов за долги летови.

Дрвото балза расте во Латинска Америка,а ако гледате филмови од Дивот Запад (каубојски) столиците што им се кршат од глава на каубојците-глумци,се од балза.Но,тоа не му е основната намена.Домордоците  цели трупци длабеле и ги користеле како чамци.

Во моделарството ова дрво,односно обработени ленти  масовно се користат ,иако сега има и некои вештачки материјали кои се исто така лесни.

Има извонредно мала специфична тежина,но и задоволувачка цврстина.нема изразени годови и лесно се обработува

Балзата се купува од специјализирани продавници во странство и е прилично скапа,што го прави и моделарството скапо.

Модел на гумењар во лет

Print PDF

Модел на гумењар лета во близина на Спортската сала Билјанини.Направен е целосно од балза.Го движи гума од 3 милиметри дебелина.Се навива околу 250 пати и достигнува висина над десет метри.Тежи околу 20 грама.

      

Моделот фаќа висина за летот кој трае околу една минута

Моделот на гумењар по слетување

Елиси за модели на гумењари од пластика,балза

Print PDF

Чешки елиси за гумењари                Американски елиси за гумењари

                    

Елиси за големи гумењари од балза           Гума за модели на гумен погон

 

Американските елиси, се со должина од 15 сантимери и се користат за мали гумењари.Нив ги движи моделарска гума од 3 милиметри.

Чешките елиси се исто така со должина од 15 сантимери и се користат за мали  гумењари,Добри се за гума од 3 милиметри

Елисите од балза  имаат должина од 22 сантиметри и се користа за движење на  модели на гумењари со должина од 40 сантиметри.Имаат одлични перформанси,лесни се и добро го влечат моделот.

Моделараската  гума од 3 милиметри,специјално изработена,исклучиво може да се користи за движење на малите гумењари.

Овие видови на елиси ги имаме,како и помали количини од моделарската гума.

Моментално on-line

We have 8 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес87
mod_vvisit_counterСевкупно181939

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com